Чие его е поголемо? Кејн не се појавува на тренинг, Тотенхем не го продава

Хари Кејн и денес не се појави во тренинг-центарот на Тотенхем, иако тринеделниот одмор му заврши во неделата. На овој начин англискиот голгетер се обидува да изнуди трансфер во Манчестер сити, но управата на Петлите настојува да ја задржи својата прва ѕвезда по секоја цена.

Не е исклучена опцијата Тотенхем да го казни Кејн за непочитување на клупските обврски доколку во најскоро време не се појави во тренинг-центарот. Медиумите од Островот информираат дека до крајот на оваа недела, Кејн ќе се сретне со управата со цел да разговара околу својата иднина, а веќе извесно време е јасно дека тој сака да заигра за клуб со кој ќе може да освојува титули.

Во меѓувреме, Тотенхем одби неколку понуди од Манчестер сити повисоки од 100 милиони фунти, но се чини дека прашање е кога егото на претседателот Даниел Леви ќе попушти и ќе му овозможи на Кејн ја задолжи униформата на актуелниот англиски првак.

- Оглас -

Најнови вести