Кралскиот клуб Реал Мадрид за првпат во истријата и одиграни 4.436 официјални натпревари игра меч во шпанската Ла Лига без ниту еден домашен фудбалер, односно сите стартери на дуелот со Вилјареал се странци.
Интересно е што и тренерот Карло Анчелоти е странец, па Реал кој е симбол на Шпанија за првпат во 121-годишната историја преполна со трофеи игра без ниту еден Шпанец.
https://twitter.com/theMadridZone/status/1611749295169880067?s=20&t=iKuQAiMXMpdZ4IuibEf0ww
За разлика од нив Вилјареал има дури осум шпански фудбалери во првиот состав, а по првото полувреме резултатот е 0:0 во дербито на 16. коло во Ла Лига.