13.8 C
Skopje
сабота, 18 октомври 2025

Чикаго булс се откажа од првакот во забивање и тоа само три часа откако го доведе

Актуелниот првак во забивање на последниот ол-стар викенд, Мек Мекланг потпиша договор со тимот на Чикаго булс и се чинеше дека 26-годишниот играч конечно ќе добие шанса на големата кошаркарска сцена.

Сепак, радоста за овој договор на Мек Мекланг краеше многу кратко. Само три часа откако беше потпишан договорот, Чикаго булс реши да му го раскине. Ова секако е еден од најбрзите раскинувања на договор.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bleacher Report (@bleacherreport)

Мек Мекланг е кошаркар кој е рекордер со три титули во натпреварот за забивање на Ол-стар викендите, но во НБА лихгата има одиграно само шест меча. најчесто тој е дел од Г-развојната лига каде имаше просек од 25 поени по меч.

Многумина сметаа дека атрактивниот кошаркар заслужува да биде дел од НБА лигата, Чикаго го потпиша, но само три часа подоцна, договорот беше раскинат.

- Оглас -

Најнови вести