Американскиот клуб Чикаго фајр продолжува со обидите да го ангажира напаѓачот на Барселона, Роберт Левандовски. Полјакот може да стане слободен агент по завршувањето на сезоната.
Првичните контакти помеѓу клубот од МЛС-лигата и окружувањето на 37-годишниот голгетер се случиле кон крајот на минатата година. Во ноември, сопругата на Левандовски го посетила Чикаго и дури разгледувала потенцијален дом.
На почетокот на декември, делегација на Чикаго фајр била во Барселона, а пред неколку недели познатиот фудбалски агент Пини Захави, кој го претставува напаѓачот, во Лондон се сретнал со сопственикот на американскиот клуб, Џо Мансуето.
Како резултат на овие разговори, Чикаго фајр му понудил на Левандовски двегодишен договор со плата која одговара на неговиот статус на светска суперѕвезда.

