Кошаркарите на Чикаго булс на свој терен славеа со 113:111 против Филаделфија 76 и сега се искачија на првото место на Источната конференција во НБА-лигата (шест победи и еден пораз). Иако Ликаго важеше за фаворит пред мечот, Филаделфија одлично започна и по првата четвртина имаше предност од огромни 18 поени. Добрата игра на Биковите продолжи до полувремето, кога водеа со 19 разлика (75:56).
Сепак, на почетокот од второто полувреме Домашните играчи беа многу подобри и од минута во минута ја намалуваа негативата. Се влезе во драматична завршница, а тогаш Црногорецот Никола Вучевиќ погоди тројка за победа.
Инаку, во еден момент Чикаго губеше и со 24 поени, па тоа што на крајот победија значи дека Биковите го направија најголемиот пресврт во последните четири години во нивна корист.
Во останатите мечеви кои се играа ноќеска: Торонто – Милвоки 128:100, Атланта – Орландо 127:112, Њу Орлеанс – Шарлот 116:112, Голден стејт – Феникс 118:107, Лос Анџелес клиперс – Оклахома 107:126.

