Чикаго ќе ја продолжи кризата на Хјустон

8001 Хјустон рокетс – Чикаго булс (02.00 часот)

Ракетите се во тешка криза, имаат црна серија од седум порази по ред, затоа се и претпоследни на Западот. Биковите имаат три победи во последните четири меча, се борат за влез во плејофот на Истокот. Интересно е што тимот од Чикаго нема гостувано во Хјустон уште од декември 2018 година, па нивните меѓусебни дуели и не се некое мерило, а Булс не славел во „Тојота центарот“ од април 2016. Булс сезонава двапати го победи Рокетс, но дома. На последниот меч најефикасни кај Хјустон беа Оладипо и Вуд, а вечерва тие нема да играат.

Предлог тип: 2 (1.93)

 

8439 Далас маверикс – Мемфис гризлис (02.30 часот)

Ова е дуел на два тима кои сезонава имаат по 13 победи и ќе се борат за влез во плејофот. Мечевите на Маверикс се поефикасни од тие на Гризлите. За Далас ова е седми меч по ред на свој терен, а Гризлис ќе гостува првпат по серијата од четири домашни средби. Лани во март Далас, предводен од Порзингис и Дончиќ, го прегази Мемфис со 121-96, но пред тоа многу често гостите победувале во нивните меѓусебни дуели.

Предлог тип: 1 (1.55)

 

8358 Феникс санс – Портланд трејлблејзерс (03.00 часот)

Двата тима се во форма, имаат четири победи на последните пет меча. Феникс има минимална предност, има една победа повеќе од Портланд и според формата, би требало двата тима да влезат во плејофот. Отсуствата на Блејзерс го принудуваат Демиен Лилард да дава голем број поени на секој меч и ако тој не постигне барем 30 поени, Портланд тешко дека ќе избегне пораз. Статистката укажува дека ќе има многу поени бидејќи на двата тима нападот им е подобар од одбраната.

Предлог тип: Д. Лилард >32.5 (1.90)

 

8442 Јута џез – Шарлот хорнетс (03.00 часот)

Јута е најдобар тим во лигата, а Хорнетс е доста применлив тим, па тука победата на домашните е извесна, евентуален триумф на гостите би бил сензација. Џез дома има 13 победи по ред и ова е уште еден податок кој потврдува дека тимот од Солт Лејк сити треба да слави. Последниот меѓусебен дуел на овие два тима беше на 6 февруари во Шарлот, кога Џезерите уфрлија 138 поени и победија со 17 поени разлика. Јута има квалитет да ги добие двете полувремиња.

Предлог тип: 1 Двојна (1.88)

 

8443 ЛА лејкерс – Вашингтон визардс (04.00 часот)

Првакот е во мини-криза, има два порази по ред во кои даваше помалку од 100 поени и три на последните четири меча, но и понатаму е втор на Западот. Затоа за Лејкерс во незгоден момент доаѓа дуелот со Вашингтон, кој има четири победи едноподруго и благодарение на Бил и Вестбрук, полека се одлепуваат од дното на Истокот. Ентони Дејвис и Шредер ги нема кај Езерџиите. Лејкерс дома има четири победи по ред против Волшебниците, но и да победи, типуваме дека тоа нема да биде со двоцифрена разлика.

Предлог тип: Х 2 -9.50 (1.62)

 

- Оглас -

Најнови вести