Чикаго може да го изненади Бруклин, квотата е голема

8337 Бостон селтикс – Мајами хит (01.30 часот)

Завчера Мајами победи против Бостон со 130-124 и ова е шанса за реванш на Селтикс, кој тогаш одигра очајно прво и многу подобро второ полувреме. Ова се два тима кои се борат за шестото место на Истокот, позиција која директно води во плејофот. Во јануари, Селтикс победи тесно во Мајами, па домашниот терен и не е предност во нивните меѓусебни дуели. Бостон знае каде ја утна работата претходниот пат и овојпат би требало подобро да го отвори натпреварот и да ја добие првата четвртина.

Предлог тип: 1 во Q1 (2.06)

 

8336 Торонто репторс – Лос Анџелес клиперс (01.30 часот)

Клиперс обезбеди место во плејофот и сега се бори за што подобра позиција на Западот. Рептилите се дури 12-ти на Истокот, имаат четири порази на последните пет меча и за нив и разигрувањето во плејин е далечно во моментов. Пред неполна недела, на 5 мај, Клиперс дома го совлада Торонто со 105-100. Последните победи на канадскиот тим над Клиперс беа во сезоната 2018/2019, кога Торонто беше шампион. Гостите се фаворити, тука не би требало да има премногу поени.

Предлог тип: <220.50 (1.89)

 

8355 Чикаго булс – Бруклин нетс (02.00 часот)

Биковите се во серија од три победи по ред, се обидуваат некако да стигнат до десеттото место, кое би им донело плејин. Ако го изненадат и Нетс, Булс би дошле на две победи зад десеттиот Вашингтон. Бруклин не е во добар ритам, но на претходниот меч прекина серија од четири порази. Кај Мрежичките и понатаму го нема Харден, а треба да се знае и дека Чикаго пред еден месец го совлада Бруклин со 115-107. Мотивите се на страна на домашните и прогнозираме изненадување.

Предлог тип: 1 (2.80)

 

8357 Голден стејт вориорс – Феникс санс (04.00 часот)

Двата тима имаат проблематична одбрана и тоа може да им биде хендикеп. Феникс се бори за првото место на Западот, додека Голден стејт е осми и има три победи едноподруго. Оваа сезона, Санс двапати беше убедлив против Вориорс со победи од 20 поени и повеќе разлика, а притоа Воините не успеваа да дадат ни 100 поени. Но, сега во составот им е Кари, кој е тројкашки расположен и на Феникс нема да му биде лесно. Кога можеше синоќа да ја победи Јута, Голден стејт може и против Феникс, кој не е баш убедлив на гостувањата.

Предлог тип: >228.50 (1.69)

 

8366 Лос Анџелес лејкерс – Њујорк никс (04.00 часот)

Лејкерс е непријатно, а Никс пријатно изненадување сезонава. Езерџиите без Леброн Џејмс се во променлива форма, можеби ќе треба да играат и плејин, а Њујорк е четврти на Истокот и има добри шанси директно да влезе во плејофот. Никс победи во Лос Анџелес пред два дена, против Клиперс. Последен пат кога гостуваа кај Лејкерс, загубија со 30 поени разлика, но пред еден месец дома го победија првакот со 111-96. Ако игра Џејмс, шансите за успех на Лејкерс растат, но и без него се поблиску до победата.

Предлог тип: 1 (1.55)

- Оглас -

Најнови вести