Екипата на Чикаго вајт сокс постави неславен рекорд во модерната историја на Мејџор бејзбол лига запишувајќи најмногу порази во една сезона. МЛБ датира уште од 19 век, а за старт на модерната историја се смета 1900 година.
Чикаго утрово загуби на гостувањето кај Детроит со 4:1 и тоа беше доволно да се испише негативен рекорд.
Во 160 меча кои се одиграа сезонава, Чикаго има само 39 победи и дури 121 порази, што е негативен рекорд во историјата. Послаб скор имал само тимот на Кливленд Спајдерс кој завршил со 20 победи и неверојатни 134 порази, но тоа било во 1899 година, пред да започне да се смета модерната ера на МЛБ.
Претходниот најслаб скор во модерната ера го имаше тимот на Њујорк метс кој во 1962 година заврши со 40 победи и 120 порази. До крајот на оваа сезона остануваат уште две кола.