Поранешниот голман на парагвајската репрезентација, Хосе Луис Чилаверт, застана во одбрана на напаѓачот на Бенфика, Џанлука Престијани, кој е изложен на жестоки критики поради расистичкиот скандал со Винисиус за време на натпреварот против Реал Мадрид во Лигата на шампионите.
„Килијан Мбапе зборува за вредности и сè останато, но живее со трансродова личност (н.з. во 2022 година италијанските медиуми објавија за наводна врска меѓу Мбапе и трансродовиот модел Инес Рау). Тоа не е нормално. Секој може да прави што сака во животот, но маж да живее со трансродова личност е ненормално. За тоа постојат жени.
Престијани треба да биде заштитен. Зошто да го казнат? Ако биде казнет, тоа би значело дека геј-заедницата, лезбејките и ЛГБТ+ лицата се модели за поддржување.
Во мое време на терен си кажувавме секакви работи. Откако се појавија видеата, микрофоните и сè останато, фудбалот стана некако поженствен“, изјави Хосе Луис Чилаверт за радио „Ривадивија“.

