Чиле го освои највисокиот фудбалски врв на светот, за Мундијал им требаат победи против два светски шампиони (Видео)

Чиле ја победи Боливија со 3:2 во интересен квалификациски меч во Ла Паз, место кое е највисокото на светот каде што се игра фудбал.

На над 3.600 метри надморска височина, Чилеанците до победа ги предводеше двојниот стрелец Алексис Санчес.

Најпрво во 14-тата минута постигна прекрасен гол од слободен удар за предност од 1:0 на гостите.

Потоа играчот на Интер погоди и во 85-тата минута за клучна предност на Чиле од 3:1. Тој погодок можете да го погледнете ОВДЕ.

Стрелец за Чиле беше и Нуњес Еспиноза, а за Боливија погодија Еноумба и Морено.

Чиле на два меча до крај на јужноамериканските квалификации е на петтото место со 19 бода и за сигурен пласман на Мундијалот во Катар му се потребни два победи против Бразил и Уругвај, две селекции што имаат светски титули.

Боливија е речиси без шанси за настап во Катар бидеји има 15 бода на осмото место во конкуренција на 10 селекции.

Бразил и Аргентина веќе се пласираа на Светското првенство, а за уште две сигурни места битка докрај ќе бијат Еквадор со 24 бода, Перу со 20, Уругвај и Чиле со по 19 и Колумбија со 17 бода.

Шанса ќе има и петтопласираната репрезентација, но ќе мора да игра дополнителен бараж.

 

- Оглас -

Најнови вести