Чилеанецот може скапо да го чини клоцањето на навивачот

Чилеанскиот репрезентативец, Гонзало Хара, кој со клоца и сопка му помогна на обезбедувањето да го фати аргентинскиот навивач кој влезе на терен за време на мечот помеѓу Чиле и Уругвај од Копа Америка, може да добие забрана за настап на наредните два меча.

Во четвртфиналето, Чиле има тежок меч против Колумбија, а треба да се донесе одлука дали дефанзивецот Хара ќе смее да игра или не.

Откако навивачот протрча низ теренот на „Маракана“, Хара го удри и тој падна на тревата, а судијата на кратко го прекина мечот. Веднаш потоа Луис Суарес од Уругвај побара од судијата да го исклучи Хара, но бразилскиот судија Рафаел Клаус не го санкционираше Чилеанецот, а немаше реакција ниту од ВАР собата.

Иако од Чиле велат дека потегот бил за „заштита на фудбалската игра“, дисциплинскиот правилник на КОНМЕБОЛ кажува нешто друго.

„За насилно однесување на играч кој противнички фудбалер или друго лице присутно на натпреварот, се предвидува суспензија од најмалку два натпревари. За некоректен однос кон лице кое не е официјално, суспензија од најмалку еден меч“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести