Зголемениот број на натпревари кои екипите ги играат во една сезона веќе неколку години преставува проблем за да се направи оптимален распоред. Често се случува некои клубови да одиграат два меча во само 2-3 дена, но тоа што му се случи на тимот на Хуачипато во Чиле не е за верување.
Овој тим, одигра два натпревари во само неколку часа и што е најинтересно по двата се радуваше. Вчера, најпрво од 17 часот играше дуел против О’Хигинс во прбенството на Чиле и победи со 1:0 благодарение на голот постигнат уште во првата минута од средбата. Оваа победа е многу значајна за Хуачипато затоа што избега од опасната зона за испаѓање.
Само половина час откако заврши тој првенствен дуел, Хуачипато остана на својот стадион, но им дојде нов противник. Играа против екипата на Империјал унидо во реванш меч од Купот на Чиле. По првата средба, Хуачипато со 2:1 славеше на теренот на третолигашот и во реваншот рутински одигра без голови 0:0, доволно да оди во следната фаза од натпреварувањето.