Аргентина води со 2-0 против Чиле по првото полувреме на натпреварот за трето место на Копа Америка. „Гаучосите“ се на добар пат да освојат бронза, и да му вратат на Чиле за поразите во финалните дуели на претходните два настапи на Копа.
Серхио Агуеро го искористи итрото додавање од Лионел Меси за 1-0, а водството го зголеми Пауло Дибала. За крилото на Јувентус ова е прв гол за репрезентацијата на официјални мечеви (има еден гол и на пријателски меч).
Во финишот на првото полувреме, Гари Медел од Чиле и Лионел Меси од Аргентина беа исклучени поради меѓусебно кошкање. На Меси ова му е втор црвен картон во репрезентативната кариера, првиот го доби на дебито против Унгарија.
Голот на Агуеро за 1-0 и првата асистенција на Меси на Копа Америка:
https://www.youtube.com/watch?v=SOljLNzjY1k
Погледнете ја мајсторијата на Дибала и неговото сефте во дресот на националниот тим: