Чилеанците заборавија на ферплејот: Ја зеде топката од повредениот голман и даде гол (Видео)

Боливија го победи Чиле на гостински терен со 1-2, што за нив беше прва гостинска победа во квалификациски меч по 1993 година. Сепак, овој натпревар ќе остане запаметен по нешто друго.

Едуардо Варгас во 41-вата минута го израмни резултатот на 1-1, но тоа го стори откако голманот на Боливија, Карлос Лампе, се повреди и ја остави топката сигнализирајќи со рака дека не може да го продолжи мечот. Варгас ја зеде топката и даде гол на празната мрежа, а потоа и провокативно славеше кон боливиските фудбалери, што предизвика хаос на теренот. Голманот на Боливија беше заменет, што е само доказ дека не симулирал, а потегот на Варгас е еден од најсрамните во историјата на фудбалот.

На крајот фудбалската правда беше задоволена. Пет минути подоцна Боливија постигна погодок преку Михелито, што на крајот се покажа и како победнички.

- Оглас -

Најнови вести