Марин Чилиќ одигра импресивен меч и го декласира вториот носител на Ролан Гарос, Данил Медведев со 3:0 во сетови и му дозволи да освои само седум гема.
Последниот сет хрватскиот тенисер го доби со 6:2, откако претходно загуби само пет игри, две во првиот и три во вториот сет што ги доби со 6:2 и 6:3.
Чилиќ по блескавата победа вечерва по третпат во кариерата се најде во четвртфиналето на престижниот гренслем турнир во Париз, што досега му е најголем дострел.
Медведев беше голем фаворит и рангиран како втор носител, но Чилиќ доинираше во текот на целиот меч и ја прекина балканската серија на рускиот тенисер.
Во претходните две кола Медведев ги победи српските тенисери Ѓере и Кецмановиќ, но Хрватот беше тврд орев и го елиминира со убедливи 3:0.
Ова е најтежок пораз за рускиот тенисер на гренслем турнир и прва победа на 33-годишниот Чилиќ против него.
https://twitter.com/rolandgarros/status/1531372182756016131?s=20&t=r5LaOdecE-botr6KdL8EFQ
Чилиќ повторно ќе игра со руски тенисер, за прво полуфинале во кариерата на Ролан Гарос, а ривал ќе му биде Андреј Рублев.
Рублев е седми носител на турнирот и денеска се пласираше во четвртфиналето, откако при 1:1 во сетови Јаник Синер му го предаде мечот поради повреда.