Чилвел направи нешто што не го направил ниту еден Англичанец од 1997 наваму (Видео)

Челзи го победи Кристал Палас со 4-0 во меч од Премиерлигата кој мина во знак на Бен Чилвел, фудбалерот кој летово стигна кај Сините од Лестер. Сите голови паднаа во второто полувреме.

Чилвел првпат заигра за Челзи на лигашки меч, но тој е прилично искусен играч, ова му беше јубилеен 100-ти настап во Премиерлигата. Голот кој го даде за 1-0, му беше петти во кариерата, но дебитантски за лондонскиот тим, и испиша историја. Од 1997 година не се случило некој англиски играч да даде гол на дебито за Челзи.

Чилвел имаше и асистенција при голот со глава на Зума за 2-0, и најави дека може да биде големо засилување за Челзи. Гол и асистенција на премиерлигашкото деби за Челзи, во историјата имале само Деко и Мората.

Последните два гола беа дело на Жоржињо со удари од пенал. Ова е погодокот на Чилвел со кој почна голеадата:

https://twitter.com/i/status/1312373030400786435

- Оглас -

Најнови вести