Легендарниот хрватски тренер Мирослав Чиро Блажевиќ по подолго време се појави во јавноста и тоа да прими награда. Популарниот Чиро е прв добитник на наградата за придонес и развој на спортската култура и друштвена толеранција, која го носи името на Владимир Беара, а ја доделува спортско-рекреативното друштво на Србите во Хрватска.
Видно возбуден и потресен, Чиро кој има 87 години, ја доби наградата и потоа одржа говор кој ги потресе сите присутни. Со солзи во очите, Чиро потсети дека е во многу тешка здравствена состојба.
„Знаете дека имам добиено еден куп награди, но оваа ми е најдрага. Секогаш низ животот сум сакал да ги смирувам луѓето, а ние сите од ова поднебје сме добар народ, само понекогаш имаме будали кои нѐ водат. Се плашам дека ова е последната награда во мојот живот. Се плашам дека ова е и последниот говор што го одржувам, пред вака елитна група. Се ближи мојот крај. Сепак, собрав сила да дојдам тука затоа што Владимир Беара беше мој идол. Му се восхитував. Бев среќен кога го запознав, која му ја стиснав раката. Беше најдобриот голман кој некогаш се појавил на овие простори“, рече Чиро Блажиевиќ кој веќе подолго време е болен и тешко се движи, но го има задржано ведриот дух.