Чиро Имобиле потврди дека е во топ-форма и со гол во 89-тата минута му донесе вредна победа на Лацио од 2:1 во Фиренца против Фиорентина, а патем е и првиот играч сезонава што стигнал до 10 голови во Калчото.
Имобиле погоди со удар со глава за победа, а сепак имаше проверка со помош на ВАР-системот, и тоа не за моментот кога беше постигнат голот, туку за евентуален фаул претходно во акцијата што му ја донесе победата на Лацио.
Потоа римјаните имаа шанса и за поубедлива победа, но Каиседо утна пенал, што сепак не ги чинеше скапо гостите. Лацио поведе со голот на Кореа во 22-рата минута, а израмни Кјеза шест минути подоцна.
Во вториот дел немаше голови сè до самиот финиш, кога Чиро им донесе триумф на гостите. Тој е прв стрелец во Калчото со 10 гола на 9 меча, а има и 4 асистенции.
Во ист термин во шпанската Ла Лига, Осасуна ја победи Валенсија со 3:1. Родриго беше стрелец за предност на гостите, но потоа беше исклучен, па во Памполона се случи целосен пресврт и победа на Осасуна. Головите за домашниот тим ги постигнаа Ојер, Гарсија и Еступинан.
И во Франција се играше интерсен дуел, а дербито во Париз му припадна на ПСЖ, кој ја декласира екипата на Марсеј со 4:0.
Килијан Мбапе и Мауро Икарди беа разположени за голови, по двапати ја тресеа мрежата на гостите за убедлив триумф на шампионот.