Аргентинската фудбалска ѕвезда, Анхел Ди Марија, направи трансфер кој може да се нарече чиста романтика. Некогашниот фудбалер на Бенфика, Реал Мадрид, Манчестер јунајтед, Јувентус, ПСЖ, освои 30 трофеи, а се врати во родниот Росарио и ќе игра за неговиот матичен клуб Росарио централ.
Ди Марија кој има 37 години, на Инстаграм објави фотографија со семејството на кое сите се сликани во дресови на Росарио централ и вели дека ова му е еден од најсреќните денови во животот. Тој и лани сакаше да се врати во Росарио, но семејството добиваше смртни закани, па се премисли.