Чистачот на тоалети доби отказ затоа што побарал автограм од Меси

Чистачот на тоалетите на стадионот на Интер Мајами, Кристијан Саламанка доби отказ од работното место затоа што побарал и добил автограм од Лионел Меси. Според правилата во клубот, ниту еден од вработените не смее да бара автограм или да се фотографира со Меси додека се на работното место, но Саламанка решил да го прекрши ова правило.

Целата ситуација се случила кога Меси излегувал од тимскиот автобус, а Саламанка вели дека не жали за својот потег и не му е гајле што останал без работата.

„Бев задолжен за чистење на тоалетите во секторот каде што се паркира автобусот. Имав среќа Меси да излезе последен, а јас само му викнав „шампионе“. Се сврте да види кој го вика“, раскажува чистачот за ситуацијата која ќе ја памти цел живот.

Следниот потег на Саламанка му донел отказ од работното место. Тргнал кон Меси и побарал од него автограм.

„Имав дрес на Аргентина и фломастер. Лео ми даде автограм, а потоа се појавија луѓето од обезбедувањето. Ме изнесоа надвор и ми рекоа дека сум отпуштен. Баш ми е гајле. Уживав во секој момент“, вели Саламанка кој по потекло е од Колумбија.

Меси дојде во Интер Мајами пред еден месец и веднаш се направи голема еуфорија. Со Меси во тимот, Интер Мајами одигра три меча и победи на сите три, а Меси вкупно постигна пет гола.

- Оглас -

Најнови вести