Чистиот образ и честа сепак не се врежани во ДНК на Будуќност, загуби од Борац и го исфрли МЗТ Скопје од АБА

Македонскиот шампион МЗТ Скопје не успеа да обезбеди опстанок во АБА лигата откако вечерва директниот конкурент Борац Чачак славеше како гостин против Будуќност со 85:87.

МЗТ Скопје вчера го заврши својот дел од работата, ја совлада Цибона со 87:74 во последното коло од регуларниот дел, и денеска требаше Будуќност да ја оправда фаворитската улога и да го совлада Борац и да им овозможи на Металците да играат во баражот за опстанок во АБА.

Но, желбата и најавата на Металците дека чистиот образ и честа се врежани во ДНК-то на Будуќност, не се покажаа точни. Борац славеше во 85:87 и го исфрли МЗТ Скопје од АБА лигата.

Будуќност при резултат 85:86 имаше шанса во последните секунди да слави, но Бел-Хејнс не погоди, по што Гагиќ од линијата за слободни фрлања ја потврди победата на Борац со која си обезбеди бараж натпревар за опстанок во АБА лигата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести