Чистка на „Олд Трафорд“: Аморим веќе не смета на тројца фудбалери на Јунајтед

Манчестер јунајтед во моментов е поблиску до зоната за испаѓање, отколку до борбата за излез во Европа или за титулата. Не помогна ниту доведувањето на Рубен Аморим на местото од Ерик тен Хаг, па „црвените ѓаволи“ имаат пет порази на последните шест премиерлигашки меча.

Јасно е дека на „Олд Трафорд“ се подготвува комплетна реконструкција, а според британските медиуми, Аморим веќе не смета на тројца фудбалери, за кои ќе се инсистира по секоја цена да си заминат уште во зимскиот преоден рок.

Најголема ѕвезда помеѓу нив секако дека е Каземиро, кој беше купен од Реал Мадрид за 70 милиони евра, но сега ќе мора да биде продаден не само поради слабите игри, туку и за да се направи место за нови засилувања.

На листата со непожелни фудбалери е и Кристијан Ериксен, кој пред две години дојде од Брентфорд како слободен фудбалер, како и Виктор Линделоф, кој на „Олд Трафорд“ пристигна уште во 2017 година.

- Оглас -

Најнови вести