Чистка во Барселона: Сите играчи се на продажба, само тројца се недопирливи

Барселона на неславен начин ја завршува сезоната во која нема да освои ниту еден трофеј. Токму поради лошите резултати, тренерот Чави Ернандес прво најави дека ќе си замине на крајот од сезоната, за да потоа се премисли и реши да остане на чело на екипата и во следната сезона.

Ако Чави е сигурен, тогаш тоа не може да се каже за најголем дел од фудбалерите. Според најавите од Шпанија, Чави потенцирал дека само тројца фудбалери му се сигурни и за наредната сезона, додека сите останати можно е и да си заминат.

Сите тројца кои Чави ги смета за „златни“ се талентите кои призлегуваат од познатата младинска школа на Барселона, „Ла Масија“, а тоа се Гави, Јамал и Кубарси. Сите останати може да бидат продадени, ако за нив биде дадена вистинска понуда.

 

- Оглас -

Најнови вести