Чистката во Манчестер јунајтед ќе започне со петмина фудбалери

Манчестер јунајтед има сезона за заборав и катастрофални резултати со сите натпреварувања, со исклучок на Лигата на Европа, каде што е во осминафиналето и тоа е единственото натпреварување во кое сè уште имаат шанса за трофеј оваа сезона.

Налето се најавува комплетна чистка и реконструкција на екипата, а медиумите на Островот веќе најавија дека Рубен Аморим нема да смета на петмина фудбалери. Се работи за Каземиро, Хојлунд и Циркзе, кои ќе бидат ставени на трансфер-листа, а останатите двајца се Маркус Рашфорд и Антони, кои веќе се на позајмица.

Раководството на Црвените ѓаволи ќе мора да ангажира сериозни засилувања доколку сака да не се повторат резултатите од оваа сезона, а според европските медиуми, речиси и да нема фудбалер за кого Манчестер јунајтед не покажал интерес.

- Оглас -

Најнови вести