Чкембари го кренаа гласот: Часовникот почна да одбројува!

Навивачката група Чкембари од Битола објави соопштение во кое ја критикува ситуацијата во фудбалскиот клуб Пелистер на кого му се заканува преселба во втора лига.

„ЧАСОВНИКОТ ПОЧНА ДА ОДБРОЈУВА, ОПАМЕТЕ СЕ ИЛИ СПРЕМЕТЕ СЕ ЗА РИГОРОЗНИ МЕРКИ!

Кога е времето за црвен аларм во клубот?

На три кола пред крајот? На две? Или на едно?

Најавен беше бомбастичен буџет, а добиваме уште побомбастично разочарување како што се ближи крајот на сезоната. Моменталниот пласман на Пелистер води директно кон второлигашки статус следната сезона.

Кога конечно ќе се побара ОДГОВОРНОСТ и ОДГОВОРИ од ОДГОВОРНИТЕ?

Жална е сликата на трибините под Тумбе Кафе, а уште пожално е тоа што се случува на теренот. За каков клуб беше планиран овај стадион? За каква управна структура од тотални анонимуси во фудбалот со 0 фудбалско познавање, чест на исклучоци. Зарем претходниот гнев не ве поттикна да не носите тренер кој ќе носи сопствени фудбалери за сопствени интереси???

Дали стратегијата на клубот е повторно иста како лани, да чекаме некој друг да се откаже од лигата или да се распадне, па ние да спасуваме кожа?

ДАЛИ ВИЕ НАС НЕ ТЕРАТЕ ДА ГО ИЗВАДИМЕ ЦЕЛИОТ ГНЕВ КОЈ Е НАСОБРАН СИТЕ ОВИЕ ГОДИНИ? ПОСЛЕДНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ПРЕД ИСКЛУЧУВАЊЕ“, стои во соопштението.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести