Чкембари по 16 години повторно со гостување кај МЗТ Скопје Аеродром, квотите во Sport Life велат дека шампионот е фаворит

МЗТ Скопје Аеродорм е домаќин на Пелистер во дуел на двете најдобри екипи во кошаркарското првенство на Македонија. Од 18 часот е дуелот во „Јане Сандански“, а покрај стандардната поддршка за домашниот тим, најавено е и присуство на Чкембари од Битола.

Битолските навивачи потсетија дека досега само еднаш гостувале кај МЗТ Скопје Аеродром, и тоа пред цели 16 години. На тој меч, во популарната „Лименка“ се случи и инцидент, но да се надеваме дека сега ќе биде многу помирно на трибините, а неизвесно на теренот.

Пелистер е лидер на табелата со 49 бодови, актуелниот првак МЗТ има 48 бодови, додека Еуро Никел, кој е трет, заостанува и има 43 бодови.

Според коефициентите во Sport Life, МЗТ Скопје Аеродром е фаворит за победа. Освен дуелот во „Јане Сандански“, во понудата е и дуелот меѓу Гостивар и ТФТ Скопје.

- Оглас -

Најнови вести