Финалето на кошаркарското првенство на Македонија помеѓу МЗТ Скопје и Пелистер го добива вистинскиот шмек, со оглед на тоа дека кон средината на втората четвртина во „Јане Сандански“ пристигнаа и навивачите на гостинската екипа, „Чкембари“.
Битолчани при влегувањето во салата веднаш покажаа навивачка солидарност и истакнаа транспарент на кој пишуваше „Почивај во мир Мац“ во чест на прерано починатиот член на „Фемили Аеродром“. Ваквиот потег наиде на одобрување од останатите присутни во салата.