9.8 C
Skopje
вторник, 25 ноември 2025

Чкембари реагираат: „Зошто банка од Битола дава пари во РК Вардар!?“

Навивачката група Чкембари излезе со соопштение во кое реагира на, како што велат, забележливата концентрација на нови спонзори кај спортските колективи под името Вардар, особено по неодамнешната промена на сопственоста во Стопанска банка АД Битола.

Во соопштението на „Чкембари“ се вели:

Само пред неколку дена, Алта банка од Србија ја купи Стопанска банка АД Битола. Иако сè уште неребрендирана, денес веќе под името Алта банка АД Битола се појавува како нов финансиер и спонзор на РК Вардар 1961. Истовремено, сведоци сме дека и во ФК Вардар во последниот период „никнуваат“ нови спонзори, што нè враќа во времето од пред неполна деценија, кога спортските колективи под името Вардар, под маската на приватен капитал, всушност функционираа како државни проекти.

Очигледни се и релациите со Федерациите каде што се натпреваруваат овие клубови, како и нивниот судиски и институционален третман. Истовремено, очигледни се и врските и блискоста на актуелниот министер за спорт со овој клуб.

Прашањето што го поставуваме е јасно:

Дали ваквиот модел – насочување на државните, јавните и големите приватни спонзори само кон еден колектив – е фер кон сите други клубови во државата?

Дали е фер кон спонзорите кои со години ги поддржуваат останатите клубови?

Во момент кога нереално високи финансиски средства влегуваат само во еден клуб, сосема е очекувано дека на пазарот ќе се креираат нереално високи плати. Тоа директно ги прави останатите клубови неконкурентни во обидот да привлечат квалитетни играчи и да останат рамноправни во спортската борба.

Ние нема да молчиме!

Ги повикуваме сите битолски функционери, избрани од народот и одговорни пред градот, да не останат неми пред ова што се случува. Ова прашање ја засега директно Битола, нејзините клубови, нејзините спортски работници, нејзините навивачи и целиот народ кој ви ја дал довербата.“

- Оглас -

Најнови вести