Шефови на Барселона го организирале скандирањето на името на Лионел Меси на „Камп ноу“ во 10-тата минута од реваншот од полуфиналето на Купот на Шпанија помеѓу Барса и Реал Мадрид.
Само што започна десеттата минута, илјадници фанови почнаа да викаат: „Меси! Меси!“, повикувајќи ја нивната славна десетка да се врати во каталонскиот гигант.
Но, според шпански новинари, овие скандирања биле организирани од членови на Бордот на директори на Барселона. Каталонците потврдија дека имаат контакти со Меси за негово враќање во клубот во кој се прослави и освои многу трофеи, а скандирањето на неговото име од фановите во секоја прилика е дел од тактиката да го натераат Лео да се врати.