19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

Чофи ќе се обиде да го копира Карик, Несторовски чека нов тренер во Удинезе

Габриеле Чофи ќе биде привремено решение на клупата на Удинезе како тренер и ќе дебитира во сабота против Милан, а нашиот репрезентативец Илија Несторовски и Зебрите од Удине чекаат наследник на Лука Готи, кој доби отказ.

Се уште не се знае кој ќе биде заменикот на Готи, тренер што си замина по поразот од Емполи и по четвртиот меч во низа без победа на Удинезе.

За Несторовски смената на кормилото и отказот за Готи може да биде добро, бидејќи малку играше под команда на сега веќе поранешниот тренер.

Чофи му беше асистент на Готи и ќе се обиде да ја копира ситуацијата што ја имаше Мајкл Карик во Манчестер јунајтед неодамна.

Карик ги предводеше Црвените ѓаволи на три меча, по отказот за Оле Гунар Солскјер и успеа да забележи две победи и едно реми и си замина без пораз.

 

- Оглас -

Најнови вести