1.8 C
Skopje
петок, 9 јануари 2026

Чоло Симеоне провоцираше: „Вини, Вини, Флорентино ќе те избрка од Реал“ (Видео)

Реал Мадрид го победи Атлетико со 2-1 во полуфиналето на Суперкупот на Шпанија во Саудиска Арабија, а мечот во Џеда донесе и неколку тензични моменти. Во центарот на вниманието се најдоа тренерот на Атлетико, Диего Симеоне, и Винисиус јуниор.

Во текот на второто полувреме, Симеоне постојано се обидуваше да го извади од рамнотежа Винисиус, а камерите го фатија како му вели:


„Вини, Вини, Флорентино ќе те избрка од Реал, запомни ги зборовиве“.

Во 81-та минута, кога Чаби Алонсо го повлече бразилскиот играч од игра, се појави кратка турканица крај аут линијата и размена на зборови.


Главниот судија интервенираше и додели по еден жолт картон за Симеоне и Винисиус.
За разлика од претходни ситуации, овојпат Вини јуниор не реагираше на провокацијата.

- Оглас -

Најнови вести