За хрватскиот тенисер Борна Чориќ, заврши серијата од седум победи по ред. Победникот на Мастерсот во Синсинати, каде меѓу другите ги надигра Надал и Циципас, на САД опен не ги прикажа истите изданија, и веќе е во аут после второто коло.
Во првото коло Чориќ се мачеше против Куако од Франција, но победи со 3-2 во сетови, а вечерва не освои ниту сет, направи 65 неизнудени грешки, искористи само една од 15-те брејк-шанси, и загуби со 0-3 од Американецот Џенсон Бруксби.