Човек од одлука: Бензема е „виновен“ што Реал уште е во трка за титулата (видео)

Карим Бензема со двата погодоци ги обезбеди бодовите за Реал Мадрид во победата од 3-1 на тешкото гостување кај Селта во Виго во 28-то коло од Ла Лига. Кралевите на погон на нивниот најдобар голгетер кој сега бележи 17 лигашки погодоци, ги одржаа надежите во живот и ќе продолжат да се борат за титулата во Шпанија.

Бензема во 20-тата минута на најдобар можен начин го искористи проигрувањето од Крос, па искусно заби за 1-0. По точно 10 минути игра, искусната француска гол-машина го реализира својот шести гол во последните пет меча, за сигурни 2-0 во корист на Кралевите.

Селта почувствува дека може да се врати ја врати неизвесноста на средбата, особено што пред паузата Мина успеа да намали на 2-1.

За жал домаќините само еднаш се заканија кон голот на Куртоа во вториот дел, па беше јасно дека и по трет пат ќе му дозволат на Реал да го освои целиот плен на „Балаидос“. Во самиот финиш, Бензема изведе уште една бравура и му асистираше на Асенсио за конечни 3-1.

https://streamable.com/9416l0

Реал барем до утре ќе стои на второто место на табелата со 60 бода, три помалку од лидерот Атлетико, додека ќе се надева Барселона да киксне на тешкото гостување кај Реал Сосиедад.

- Оглас -

Најнови вести