ПСЖ го дели уште еден натпревар од пласман во големото финале на Лигата на шампионите по вчерашната драматична победа над Аталанта. Светците во полуфиналето го чекаат подобриот од дуелот Лајпциг – Атлетико Мадрид, по што со нова евентуална победа ќе се најдат во битка за најпрестижниот пехар во Европа.
Доколку се случи тоа, коментаторот на „РМЦ спорт“, Ерик де Мецо, нема да го коментира финалето. Тој побарал од раковoдството на радиото да отстапи од ангажманот доколку ПСЖ игра во финалето. Де Мецо е поранешен играч на Марсеј со кого го освои европскиот пехар во 1993 година, па очигледно е дека не е љубител на Светците.
Во меѓувреме, Де Мецо е отстранет од програмата до крајот на натпреварувањето, а на негово место е ангажиран Жером Ротен, ексиграч на ПСЖ.