Роберт Спасовски – човекот кој 30 години е дел од репрезентацијата доби дрес на подарок од селекторот и капитенот!

Македонската фудбалска репрезентација денеска слави 30 години од првиот официјален натпревар. Македонија на 13 октомври 1993 година гостуваше во Крањ против Словенија и победи со 4:1.

Малкумина се сведоци од тој прв натпревар во Крањ што уште се активни и се дел од македонската репрезентација на кој било начин. Таков е спортскиот фотограф Роберт Спасовски, кој пред 30 години беше сведок на историскиот дуел во Крањ, а сега тој е тука и во Прага.

Точно 30 години, односно од првиот ден, па сè до денеска Роберт е со македонската репрезентација, а од Фудбалската федерација решија да му приредат едно убаво изненадување.

По завршувањето на прес-конференцијата, селекторот Благоја Милевски и капитенот Енис Барди му подарија дрес на Спасовски, и тоа со бројот 30, колку што тој е дел од фудбалската репрезентација. Овој подарок за фоторепортерот е во вистински момент затоа што тој денеска слави и роденден.

- Оглас -

Најнови вести