16.8 C
Skopje
сабота, 25 октомври 2025

Човекот кој го постигна првиот поен во историјата на македонската репрезентација денеска полни 50 години! (Фото)

Македонската кошаркарска легенда Перо Блажевски денеска го прославува својот 50-ти роденден.

Блажевски е човекот кој го постигна првиот поен во историјата на македонската репрезентација на 30 мај 1993 година против Естонија во Вроцлав, а на 6 ноември 1996 година со неговите слободни фрлања на три секунди до крајот му донесе незаборавна победа на МЗТ Скопје против Реал Мадрид, што е најголем подвиг во клупската историја на македонската кошарка.

Блажевски како играч освои четири шампионски титули и десет купови на Македонија, во 2011 беше најкорисен играч во финалето на Купот, со што е највозрасен МВП. Беше долгогодишен репрезентативец со повеќе од 50 настапи во црвено-жолтиот дрес, активно играше до 2013 година, а потоа почна тренерска кариера.

Во моментов е без ангажман, а последен клуб кој го водеше му беше Кожув во минатата сезона.

- Оглас -

Најнови вести