Човекот кој го радува Ѓоковиќ со подарени македонски дресови, понуди реален хуманитарен тикет

Веста дека најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, како подарок добил дрес на Кирил Лазаров од македонската ракометна репрезентација, неодамна предизвика големо внимание кај нас. Главен „виновник“ за тоа е кумановецот Бошко Тасиќ, кој повеќе од две децении работи како спортски новинар и е еден од ретките Македонци што имале чест да направат интервју со Ѓоковиќ.

Тасиќ досега бил дел од многу медиуми, и тоа: радио Куманово, Сити Радио, радио Браво, Спортско Радио 903, Канал 4, Спортско Радио, Home Радио, Радио Слободна Македонија. Бил дел и од голем број ТВ-проекти, емисии, настани, има соработки со спортските федерации и тимови, а моментно е дел од редакцијата на курир.мк, каде што е задолжен за спортскиот дел.

„За овие години имав можност да бидам дел од навистина голем број спортски настани и натпревари кои сум ги следел во живо. Од првата европска титула на Кометал Ѓорче Петров, преку дебито на Македонија на Европско првенство во фудбал, па сè до последниот фудбалски меч за пласман на Светското првенство во Катар против Португалија, како и пласманот на нашите ракометари на СП наредната година“, вели Тасиќ.

ЃОКОВИЌ ДОБРО ЗНАЕ КОЈ Е КИРЕ ЛАЗАРОВ, НАВИВА ЗА МАКЕДОНСКИТЕ СПОРТИСТИ

„Отворено првенство на Србија е турнир со одлична организација. Јас со ПР тимот на Новак добро стојам, расположени се, може да зборувам во суперлативи, нема одбивност кај нив. Го запознав и братот на Новак, кој е главен на турнирот.

Oколу дресовите, голема заслуга имаат луѓето од Ракометната федерација на Македонија и од Фудбалската федерација на Македонија, кои излегоа во пресрет и ја поддржаа идејата и безрезервно помогнаа.

За време на интервјуто со Новак во 2020 му подарив дрес од ракометната репрезентација како симбол дека во нашата држава најпопуларен спорт е ракометот. Потоа се случи пандемијата, а после отворањето на границите, прв настан на којшто бев беше тенискиот Отворено првенство на Србија 2021. Таа година беше во знакот на фудбалот и нашиот пласман на ЕП во фудбал, па му подаривме дрес и од македонската фудбалска репрезентација.

Годинава турнирот се случи една недела по пласманот на СП наредната година и пак во знакот на ракометот. Се разбира дека Новак знае кој е Лазаров, ме изненади кога рече дека ги следи спортистите од нашата земја и резултатите што ги постигнуваат. Импресиониран беше од настапот на нашите фудбалери во бараж-средбите и ми честиташе за мечот со Италија, а на нашите ракометари им посака среќа на СП наредната година. Фан е на нашите спортисти“, раскажува Бошко за средбата со Ноле.

СОРАБОТКА СО SPORT LIFE НА ИНТЕРЕСНИ НАСТАНИ ВО КУМАНОВО КОГА ИМА ЛИГА НА ШАМПИОНИ

Бошко е дел и од интересни настани кои традиционално се одржуваат во „Ланч Бар Јард“ во Куманово веќе трета година, со исклучок за време на пандемијата. Во соработка со спортските обложувалници Sport Life и Скај Велнес Скопје, организирано се следат возбудувањата од ЛШ во фудбал. Се делат голем број награди, гостите типуваат, се организираат квизови, има играње пикадо, пиење пиво на екс, за да биде што поинтересно за сите присутни.

„Иницијатори на оваа идеја беа сопствениците на овој локал, Мане и Милан, а поддржана токму од Sport Life на чело со Иван и Дафи, кои се неизбежен дел од тимот“, вели Тасиќ, кој ги поканува сите да дојдат и кон крајот на месецот кога ќе се игра финалето помеѓу Реал Мадрид и Ливерпул.

УПЛАЌА РЕТКО, А ЧЕСТО ПАЃА НА МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД И ПАРТИЗАН

„Сум уплаќал тикети, но не којзнае колку многу. Се разбира дека сум имал и добивки, поситни, не сум страстен обложувач, најчесто уплаќам 50 до 100 денари. Омилени тимови ми се Манчестер јунајтед и Партизан. Често сум се обложувал и на нив онака навивачки и обично сум губел“, заклучува Тасиќ, кој овојпат мудро ги заобиколи Црвените ѓаволи.

- Оглас -

Најнови вести