Екипата на Барселона од следната сезона ќе има нов тренер откако Чави Ернандес во саботата најави дека ќе ги води Каталонците само до крајот на тековнава сезона. Чашата се прели во Каталонија по тешкиот пораз на домашен терен од Виљареал со 3-5.
Веќе е познато и кој ќе го замени, барем според каталонските медиуми, а на големо изненадување на сите, се работи за германски тренер кој на Барселона ѝ го нанесе најтешкиот пораз. Ханси Флик, кој во 2020 со Барен Минхен стигна до трофејот во Лигата на шампионите, а на патот до трофејот во четвртфиналето ја совлада Барселона со 8-2, што беше првпат Каталонците да примат осум погодоци по 1946 година, кога биле поразени од Севиља со 8-0.
Ханси Флик во својата кариера ги има водено Хофенхајм, Баерн Минхен и репрезентацијата на Германија.