21.8 C
Skopje
понеделник, 28 јули 2025

Човекот кој ја смени историјата во шпанскиот фудбал

Барселона вчера ја осигура 26-тата шампионска титула во Шпанија, со минималната победа над Леванте од 1-0. Стрелецот на погодокот вреден за титула, го постигна Лионел Меси, а тоа беше негов 34-ти гол во првенството за оваа сезона. Каталонците воедно ја потврдија доминацијата, за нив ова е осма титула во последните 11 години, а го подобрија и билансот по број на трофеи со вечниот ривал Реал Мадрид.

Магионичарот од Аргентина, е виновникот за оваа драстична промена. Кога Лео Меси дебитираше за Барса во 2004 година, Кралевите од Мадрид имаа вкупно 71 трофеи, а Каталонците 11 помалку. Точно 15 години подоцна, Барселона има три трофеи повеќе од Реал, вкупно 95, додека Меси брои 33 пехари во својата кариера.

Мегаѕвездата на Барселона воедно ја запиша 10-тата првенствена титула со Барселона, а само двајца играчи имаат освоено повеќе титули во шпанската фудбалска историја. Само Пако Генто и Пири, поранешни играчи на Реал Мадрид, имаат две титули повеќе од Меси.

Лионел Меси – Човекот кој ја смени историјата во шпанскиот фудбал…

- Оглас -

Најнови вести