Една од најсрамните сцени која го одбележа овогодишниот гранслем Отвореното првенство на САД се случи по натпреварот помеѓу Камил Мајчржак и Карен Качанов, на кој полскиот тенисер победи со 3:2 во сетови.
По мечот, полскиот тенисер делеше автограми, а во еден момент реши капчето кое го носеше да му го подари на едно детенце кое чекаше сувенир. Но, во моментот кога тенисерот го подаваше капчето на детето, се појави еден возрасен човек, кој буквално го грабна капчето од рацете на детето.
Малото дете збунето го гледаше човекот и побара да му го врати капчето, но човекот воопшто не помисли дека треба да го врати тоа што го грабна. Оваа цела ситуација беше снимена од ТВ-камерите и стана вирална.
Полскиот тенисер прво не сфати што се случи, но подоцна кога ја виде снимката, го пронајде детето и ја исправи неправда подарувајќи му капа.
NEW: Tennis star Kamil Majchrzak is looking for a young boy who had a hat snatched from him by a grown man at the US Open.
Majchrzak was seen trying to hand the boy his hat when a grown man took it and stashed it in a bag.
“After the match, I didn’t record that my cap didn’t… pic.twitter.com/JE5vGxjNxg
— Collin Rugg (@CollinRugg) August 29, 2025
Непознатиот маж брзо беше идентификуван. Се работи за полскиот милионер Пјотр Шчерек, кој е сопственик и извршен директор на компанијата „Дрогбрук“. Тоа е водечка компанија во Полска која се занимава со асфалтирање улици.
Откако потегот на милионерот наиде на осуда кај светската јавност, тој реши јавно да се извини за својот потег.
„Ја преземам целосната одговорност за мојата исклучително лоша проценка на ситуацијата што го повреди момчето. Никогаш не би одзел подарок од млад навивач, едноставно не ја проценив добро ситуацијата бидејќи бев возбуден по победата на нашиот тенисер. Мислев дека капата е подарок за моите синови кои побараа негов автограм“, напиша Шчерек, додавајќи дека се му извинил на семејството на момчето.
„Му се извинив на момчето и на неговото семејство и му ја испратив капата. Се надевам дека барем ја поправив штетата што му ја предизвикав“, рече Шчерек.