Херојот на Аѕурите, Фабио Гросо, фудбалерот кој го постигна судбоносниот пенал против Франција во финалето од СП во 2006 година, е назначен за нов тренер на Бреша. Гросо ја доби довербата да го води калчолигашот до крајот на сезоната, се разбира, ако издвојува позитивни резултати и ја спаси Бреша од испаѓање.
Тој доаѓа на местото на Евгенио Корини, кој беше отпуштен по поразот од Верона изминатиов викенд. Бреша го претрпе вкупно седмиот пораз по 11 кола, односно трет последователен, по што логично беше управата да посегне по нов тренер.
За Гросо ова е прв предизвик да води екипа од италијанската елита. Претходно занаетот го изучуваше во младинските категории на Јувентус, го предводеше Бари, додека минатата сезона доби отказ од Хелас Верона иако успеа да го одведе тимот до разигрувањата за пласман во Серија А.
Со новиот тренер, Бреша на домашен терен против Торино ќе се обиде да стави крај на црната мини-серија од три порази во низа. Тој дуел од 12-тото коло е закажан за 9 ноември, пред репрезентативната пауза.
https://twitter.com/BresciaOfficial/status/1191719758938411008