Човекот кој одби да игра за Германија, вели: Меси во Наполи би било како на филм

Доколку сака да направи нешто големо во чест на Диего Марадона, тогаш Лионел Меси треба да ги следи стапките на Марадона од 1984 година, да ја напушти Барселона и да потпише за Наполи, смета Кевин Принс Боатенг.

Искусниот Боатенг кој сезонава игра за италијанскиот второлигаш Монца, кратко беше соиграч со Меси во Барса. Сега Боатенг посакува да види шокантен трансфер на Меси во градот во кој неодамна починатиот Марадона е како Бог.

Наполи во чест на Марадона го повлече од употреба дресот со бројот 10, што значи дека и Меси да дојде во клубот чиј член е Елиф Елмас, не би можел да ја носи десетката како во Барселона и аргентинската репрезентација.

„Меси ќе го одработи договорот со Барселона, но фантастично би било ако се јави во Наполи и им каже: Јас доаѓам! Тие веќе никому нема да му го дадат дресот со бројот 10, но Меси треба да каже дека една или две сезони би играл за нив со срце, без да мисли на пари. Меси во Наполи би било како на некој филм, навивачите би биле пресреќни, ќе треба Лео на тренинг да доаѓа со хелокоптер. Неверојатна приказна од светски размери, не само спортска, би било ако тој каже ќе играм за Наполи во чест на Марадона. Да бев Меси, јас ќе го направев тоа“ – вели Боатенг кој игра за репрезентацијата на Гана, а неговиот брат Џером игра за родната Германија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести