Човекот кој по 100-ти пат играше за Црвена ѕвезда, им донесе историска двојна круна на Црвено-белите (Видео)

Црвена ѕвезда со пресврт дојде до победа од 2-1 против Чукарички во финалето на фудбалскиот Куп на Србија.

По првото полувреме Чукарички водеше со 1-0 со спектакуларниот гол од корнер на Марко Доциќ, но во 61-вата и 76-тата минута Александар Пешиќ со два гола за Ѕвезда донесе пресврт и двојна круна за најдобриот тим во Србија. За Црвено-белите ова е историска победа бидејќи првпат во нивното постоење три сезони по ред ги освојуваат и првенството и Купот на својата земја.

Пешиќ по 100-ти пат играше за Ѕвезда, а со двата гола дојде и до јубилеј од 50 постигнати голови во дресот на најтрофејниот српски клуб.

https://twitter.com/i/status/1661835659676360735

- Оглас -

Најнови вести