Човекот што еднаш годишно шутираше тројки, нанижа девет против Портланд за личен рекорд од 37 поени

Арон Бејнс ја одигра најдобрата партија во НБА кариерата и постигна два лични рекорди со 37 поени и 9 погодени тројки во победата на Феникс санс против Портланд со 127:117.

Центарот на Сонцата беше незадржлив и погоди 9 удари за три поени од 14 обиди, што е вистински раритет за него. Во првите шест сезони од НБА кариерата речиси и да не шутираше зад линијата за три поени, а лани како играч на Бостон селтикс за првпат во просек ја мина границата од еден удар за тројка на меч и погодуваше 0.4 проценти од ударите.

Австралиециот имаше и 16 скока и сега со Џејмс Харден се единствените кошаркари во историјата на НБА лигата што на еден меч постигнале над 30 поени, со повеќе од 15 скока и над 8 тројки.

 

Со постигнувањето против Портланд од 37 поени, Бејнс за првпат во кариерата има во просек двоцифрен број на поени по меч, 10.6, а ја игра осмата сезона во најсилната лига на светот.

- Оглас -

Најнови вести