Самир Хандановиќ беше еден од јунаците на Интер во големата победа против Јувентус во дербито на Италија, што го става актуелниот првак во добра позицијата за ново Скудето.
Репрезентивецот на Словенија бранеше одлично, а по мечот во интервју за „Тутоспорт“ ја повтори легендарната изјава од лани, кога се спореди со познатиот поет Чарлс Буковски.
„Јас сум голманскиот Буковски. Не пијам, не пушам и секогаш сум директен. Ако имам да кажам нешто, го правам тоа веднаш и директно“, изјави Хандановиќ.
"Bukowski":
Per queste dichiarazioni di Samir Handanovic in un'intervista a @tuttosport pic.twitter.com/rorN8pL89k— Perché è in tendenza? (@perchetendenza) September 10, 2021
Со него на голот мрежата на Интер е сигурна, а Хандановиќ ја потврди класата и на најважниот меч сезонава во Серија А пред два дена, кога бранеше извонредно во победата на неговиот тим против Јувентус со 1:0 во Торино.
Во прилог на Интер му оди и ремито на Милан против Болоња, па сега актуелниот шампион има голема шанса да ја одбрани титулата.
Имаат 63 бода со меч помалку од ривалите, Милан со 67 бода како лидер во Калчото и зад Наполи со 66 и најлесен распоред до крајот на шампионатот.