Човекот што ја шокираше Барселона и ги нанижа и Челзи и Атлетико во ЛШ е нов тренер на Калјари

Еузебио ди Франческо е нов тренер на Калјари ќе го предводи клубот од Сардинија во следниот период, откако потпиша двегодишен договор.

Ди Франческо ќе го замени Валтер Зенга, кој доби отказ, веднаш по поразот на Калјари од Милан во последното колово Серија.

Еузебио имаше многу турбулентен период во последните три години, проткаен и со успеси, но и со откази. Како менаџер на Рома во сезоната 2017/18 ја предводше Волчицата до полуфиналето во Лигата на шампионите, каде ги елиминираше Ливерпул.

На патот до самата завршница Ди Франческо одлично диригираше со италијанскиот состав, кој најпрво восила конкуренција на Челзи и на Атлетико Мадрид беше прв во својата група, а потоа ги елиминира Шахтар и големата Барселона во нокаут фазата.

Но, потоа стасаа и тешки моменти за Ди Франческо, а поразот од Фиорентина со 1:7 во меч од италијанскиот куп му донесе отказ во Рома.

Се обиде да го врати моментот и магијата како тренер на Сампдорија, но авантурата му траеше неполни четири месеци и си замина по шест порази на 7 натпревари.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести