Човекот што ни го даде последниот гол на ЕП во Полска брутално ограбен од најдобриот пријател

Арминдо Брума е човекот што ни го даде последниот гол на Европското првенство во Полска за играчи до 21 година и ја заврши историската македонска авантура на големо натпреварување без триумф.

Португалија победи со 4:2, а истовремено со радоста на Брума, започна и неговата голгота. Тоа лето во 2017 година се пресели од Реал Сосиедад во Лајпциг и наивно остана без три милиони евра.

Брума направил голема грешка и го овластил својот најдобар пријател Ду Гансо да може да располага со неговите пари, а овој го искористил моментот и си префрлил вкупно 3 милиони евра за себе.

Португалскиот репрезентативец ја открил измамата дури во февруари годинава и сега по судски пат се обидува да си ги врати парите.

Моментно крилниот играч и репрезентативец на Португалија настапува за холандски ПСВ Ајндховен.

- Оглас -

Најнови вести