Фудбалерот на Реал Мадрид и француски репрезентативец, Орелиен Чуамени, пред утрешниот реванш со Хрватска од четвртфиналето на Лигата на нации, рече дека за професионалците сепак не се сите мечеви исти, но кога се игра за својата земја мора постојано да се дава максимум.
„Не бевме на потребното ниво и анализиравме што не чинеше на првиот меч. Ни фалеше реализација, цврстина, и похрабра игра со топката. Мора да останеме смирени и фокусирани. Сакаме пред нашите навивачи да го покажеме вистинското лице. Ќе мора да бидеме попрецизни и да не правиме техннички грешки на опасни делови од теренот. Искрено, нема да лажам, кога си професионален играч, мотивацијата не е исто на секој меч, се разбира дека и поважни и помалку важни. Но, кога ќе го облечеш дресот на репрезентацијата, мора да одиш на победа“, изјави Чуамени кој не ја повтори онаа фраза која многу се слуша во последните години дека секој меч е подеднакво важен и нема слаби противници во модерниот фудбал.