Чуда правеше Кантагрел, штета што Вардар не го награди со победа (Видео)

Робин Кантегрел правеше чуда на голот на Вардар и вистинска штета е што неговите одбрани неа беа наградени со победа во Унгарија против Пик Сегед.

Францускиот интернационалец потврди дека ќе биде вистински избор на голот на Вардар, а особено воодушеви со двојната одбрана во второто полувреме.

Во иста акција ракометарите на Пик Сегед во два обиди не успеаја да го совладаат вардаровиот голман, кој сигурно ќе конкурира во изборот за најдобра одбрана во ова коло од Лигата на шампионите.

Кантагрел конкурираше и за наградата играч на мечот, што ја доби Иван Чупиќ, најефикасниот ракометар на дуелот со Пик Сегед со 9 гола од 10 обиди.

- Оглас -

Најнови вести