Теа Лафонд од Доминика е новата олимписка шампионка во трискок, откако беше најдобра на стадионот „Стад Д Франс“ во Париз. Лафонд скокна 15 метри и два сантиметри и тоа беше доволно да го обезбеди златниот медал.
Ова е воедно и прв медал воопшто за Доминика во историјата на ЛОИ. Доминика е карипски остров на кој живеат само 72.000 жители, а Лафонд сега е нова спортска хероина.
Освен Лафонд и Доминика, историски подвиг на ЛОИ испиша уште една земја од Карибите, а тоа е Сент Лусија. Оваа земја е поголема од Доминика и има 180.000 жители, а на Игрите во Париз допатува со четворица спортисти. Хероина е Џулијен Алфред која стана олимписка шампионка на 100 метри. Младата 23-годишна спринтерка најкратката олимписка патека ја истрча со време од 10,72 секунди и тоа беше доволно за Сент Лусија да се израдува на првиот олимписки медал во историјата и тоа да е златен.
https://twitter.com/i/status/1819817770416287828